Жителите на месните заедници Свети Стефан, Шипокно,населба Исток,Долно Коњско и Лагадин, синоќа имаа средба со секретарот на општина Охрид Игор Бежоски и дел од неговите соработници од локалната администрација и јавните претпријатија. На средбите, кои се дел од однапред утврдената програма за посета на сите урбани и месни заедници на територијата на општина Охрид, најмногу се разговараше за комуналните проблеми на населените места и нивното решавање.
На средбите, како важни прашања беа посочени проблемот со водоводот во Шипокно, асфалтирање на споредни улички и проширување јавното осветлување во сите населени места од овој дел на општината, санирање на свлечиштето кај конгресниот центар, проширување на пристапите до магистралниот пат, реновирање на подрачното училиште, изградба на детски и спортски игралишта и други зафати со кои би се подобрил животот на граѓаните.Од страна на претставниците на Локалната самоуправа, на граѓаните им беше објаснато дека проблемите ќе се решаваат по приоритет и дека за сите постапки ќе бидат информирани жителите на овие населени места.
|