Австралиската амбасадорка во Белград, ополномоштена за Република
Македонија, Џулија Фини, денес беше во работна посета на Општина Охрид. Таа
оствари средба со градоначалникот Бакрачески, при што беше запозната со
актуелностите и активностите на локалната самоуправа. Градоначалникот
Бакрачески и амбасадорката Фини, го посетија и Дневниот Центар “ЗРАЦИ“, каде
неодамна се релизира проектот “Охрид без бариери“, со донација од ДАП
(Direct Aid Program) на Австралиската амбасада, во висина од 5926
австралиски долари. При посетата Н.Е. Џулија Фини на штитениците на домот им
врачи пригодни подароци.
- Таа е наш голем пријател, како на градот
Охрид, а особено и на Дневниот центар “Зраци”. Две години во континуитет го
помага овој центар и е искрен пријател на градот Охрид. За нас е особено
задоволство и чест секоја нејзина посета на градот. Изминативе неколку
години , се вложија доста средства во овој центар за да се уреди вака каков
што е денес. Со последниот проект кој беше потпишан минатата година, беше
опремен овој кабинет, беа доделени средства во висина од 5 926
австралиски долари, со кој што беше набавена опрема за кујната и за дневниот
престој. Значително се подобрија условите за престој на децата и за работа
на персоналот, кој вредно работи со овие деца -истакна
градоначалникот Бакрачески.
Амбасадорката Фини го изрази своето задоволство што е повторно во Охрид,
особено што има можност повторно да ги посети децата во Дневниот Центар
ЗРАЦИ.
- Му благодариме на градоначалниот и
општината што дава инклузивитет на сите жители на Охрид. Тоа е чекор напред
во ослободување од стигмите на такви лица со попреченост во развојот.
Помошта што ние ја дадовме е со цел на некој начин да им се олесни животот
на овие лица – изјави амбасадорката Фини.
Со средствата од вториот грант, Дневниот Центар ЗРАЦИ набави гарнитура за
седење, канцелариско биро, електричен шпорет, компјутер и печатар со скенер,
телевизор, машина за миење садови и изработка и монтажа на тенда со
челична конструкција.
Извор: www.ohrid.gov.mk |