Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДОНЕСЕН БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2019 ГОДИНА
Untitled Document

Денес Советот на Општина Охрид ја одржа дваесет и првата седница, последна за оваа година, на која беше донесен буџетот за 2019 година, кој е во висина од 1.040.577.521 денари. Од овие средства 495.277.521 се обезбедени од Владата на РМ, наменети за подмирување на доспеани обврски. Ова е досега најголем основен буџет на Општина Охрид, од кој голем дел, во висина од 52.000.000 денари ќе биде искористен за капитални инвестиции во образованието.

На седницата беа усвоени и предлог – програмите од сите сектори на локалната самоуправа, јавните претпријатија и службите основани од општината, за работа во 2019 година.

Прочитано:  383  пати
Објавено на: 28.12.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©