Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СВИКAНА ЕДИНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

            Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007,01/08,10/10,05/11,09/14 и 14/14), претседателот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЕДИНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА   
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

ЈА СВИКУВАМ единаесеттата седница на Советот на општина Охрид на ден 14.06.2018 година (`четврток ) со почеток во 11,00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

Усвојување на записниците од 9. и 10. седница

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за степен на ограничување на паркирање (зонско паркирање) во општина Охрид.
  1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортски објекти и паркинг-простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини  Извори“-Охрид бр. 02-480/4 од 14.05.20018 година.
  1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортски објекти и паркинг-простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини  Извори“-Охрид бр. 02-529/3 од 29.05.20018 година.
  1. Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на специјализирани садови за собирање на отпад од пакување, сопственост на Општина Охрид на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид.
  1. Предлог Одлука за определување на ширината на крајбрежниот појас на пороен водотек на дел од кп 3629/1, дел од кп 2752/2, дел од кп 2745/1, дел од кп 2753, дел од кп 2747/3, дел од кп 2746/3, дел од кп. 2745/4, дел од кп.2755, дел од кп 14, дел од кп 16, дел од кп 15/1, дел од кп 26/1, КО Елшани, Општина Охрид.
  1. Предлог одлука за давање согласност на  Планот за изменување на  годишниот план за  вработување за 2018 година.
  1. Предлог-одлука за донесување на Правилник за  субвенционирање (начинот и видот) на туристичката такса на вршителите на угостителска дејност.
  1. Предлог-одлука за прифаќање донација – Реконструкција на детска градинка „Развигорче“ – Охрид.
  1. Предлог-одлука за формирање локален совет за превенција за подрачјето на општина Охрид.
  1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“- Охрид.
  1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за измена на Статутот на ЈП „Градски гробишта“-Охрид.

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател,
Живка Ангелоска

Прочитано:  557  пати
Објавено на: 08.06.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©