Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПОТПИШАН ПРОТОКОЛ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ ОХРИД И КОТОР
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески и  Владимир Јокиќ , председател на општина Котор-Република Црна Гора, денеска потпишаа протокол за соработка. Во рамките на посетата на Котор, градоналаникот Бакрачески со домаќините имаше повеќе средби на кои се утврдуваа деталите за имплементација на протоколот за соработка.

Во протоколот за соработка меѓу Охрид и Котор стои дека двете општини се согласуваат за иницирање и реализација на соработка во стопанството и економијата, културата, спортот и други области, со цел да се промовира заедничкиот просперитет и развој.

Двете општини, според одредбите од протоколот, ќе настојуваат да ја прошират соработката и да ги поттикнат активностите во областите како што се: структура на организацијата, заштита и развој на средината, информатичка технологија, урбанизам, заштита и промоција на историското наследство, систем на  транспорт, управување со сообраќајот, културни настани и спортски активности, човечки ресурси, трговија и економија.

Општините Охрид и Котор, како што е договорено, ќе ги поттикнуваат  и деловните субјекти да ги утврдат меѓусебните можности за инвестирање, унапредување на билатералната трговија и изработка на  заеднички проекти  кои  ќе создаваат  можности за деловна соработка во интерес на двате страни.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1400  пати
Објавено на: 16.09.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©