Градоначалникот Бакрачески, денес оствари средба со Фатос Река, амбасадорот на Република Албанија во нашата земја. Соговорниците во пријателска атмосфера и срдечен разговор, ги потврдија одличните врски на Охрид со соседен Поградец и ја истакнаа подготвеноста за унапредување на соработката.
Амбасадорот Река изрази подготвеност да помогне да се олеснат граничните процедури за функционирање на бродската линија Охрид – Поградец, како потик во заедничката туристичка понуда на регионот. На средбата беше истакното дека ваквите средби треба да се интензивираат, и да им се помогне на двата крајезерски града Охрид и Поградец, со заедничи проекти полесно да дојдат со средства од европските фондови за развој на целиот регион.
Извор: www.ohrid.gov.mk |