Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЛЕТОВО ПЛОШТАДОТ КАЈ ДОЛНА ПОРТА ЌЕ БИДЕ КУЛТУРНО КАТЧЕ
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски  заедно со претставници од надлежните општински служби денеска оствари работна средба со   уметници и продавачи на уметнички слики и книги.  На состанокот  градоначалникот Стојаноски информира дека  согласно годишната програма за урбана опрема  на општина Охрид,  книги и уметнички слики ќе се продаваат само на плоштадот кај Долна Порта. На овој простор ќе биде забранета продажба на сувенири и бижутерија. Намерата на локалната власт е  овој плоштад да стане своевидно културно катче во кое ќе творат уметници, а ќе се врши и  продажба на книги и слики. На средбата беше истакнато дека  годинава ќе биде забрането продавање на книги и уметнички слики  на досегашните локации  кај Амамот,  од долната  страна спроти Поштата и горната страна кај чаршијата. Тој простор ќе се преуредува и оплеменува со нови содржини.

На  плоштадот   кај Долна Порта општина Охрид предвиде осум локации за продажба на уметнички слики од кои по објавениот оглас  пет се веќе издадени и 4 локации за  продажба на книги кои се веќе издадени.

Сувенири и останати реквизити ќе се продаваат само на локации кои се во склад со годишната програма на општината за поставување на урбана опрема. Според локалните власти отстапки  од неа ќе нема со цел да се избегне панаѓурскиот изглед на Охрид  во екот на летната туристичка сезона, а и охриѓани и гостите  постепено ќе стекнуваат  навики  дека саканите производи можат да ги купат само  на однапред предвидени локации.

Прочитано:  1453  пати
Објавено на: 28.05.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©