Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ 25 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Советот на општина Охрид  денеска ја одржа   дваесет и петта Седница со 53 точки на дневен ред.

Беа  изгласани  одлуките за усвојување на Годишните извештаи  за реализација на програмите  за поттикнување на развојот на туризмот  и за поддршка на локалниот економски развој на  општина Охрид за периодот од 01. 01 2018 до 31 . 12. 2018 година.
Советниците дадоа зелено светло и за реализација на  програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2018 година . Усвоен беше извештајот за работа на Територијалната против пожарна единица   и извештаите за работа на одделенијата   за даноци и комунални такси при општина Охрид за минатата година. Усвоени беа и програмите за заштита на животната средина и природата како и извештајот за реализација на Програмите за спорт и рекреација за 2018 година.  На гласање пред советниците беа и Предлог  одлуките  за усвојување на Извештаите  за реализација на  Развојните програми  за активностите на општина Охрид во областа на образованието, детска и социјална заштита  за 2018-2020 година за 2018 година. Беше  усвоени   Извештајот за реализација на програмата за културни манифестации и  творештво за периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година. Советниците ги усвоија и предлог одлуките од областа на инфраструктурата кои се однесуваа на извештаите за реализација за изградба и реконструкција на  локални патишта и улици  ,изградба на системи за водоснабдување за 2018 - 2020 година  како и извештајот за јавно осветлување за периодот од 01.01.2018  до  31.12.2018 година.

Беа изгласани и Предлог – одлуките  за усвојување на извештаите за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прeчистување на отпадна вода за  2018 - 2020 година и  развојната програма за изградба на сообраќајна  сигнализација  и за други комунални услуги за периодот од 01.01. до 31.12.2018 година.
Зелено светло доби и предлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2018 - 2020 година за периодот од 01.01.2018 до  31.12.2018 година.

Беше  усвоена  Предлог – одлуките  за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за  2018 - 2020 година за периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година. Се  изгласаа и  Предлог – одлуките  за усвојување на извештајот за реализација  на програмата за одржување  јавна чистота и за одржувње и користење на паркови и зеленила  за периодот од 01.01.2018 до 31.12. 2018 година и предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2018 година.
Беше усвоен и Извештајот за работата на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените  и Годишниот извештајот за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2018 година.

Се усвоија и Предлог-одлуките  за усвојување  на Годишниот извештај и завршна сметка  на буџетот на единицата на локалната самоуправа Општина Охрид за 2018 година и Извештајот за годишниот  попис за 2018 година како и Предлог- одлука  за проширување на средствата на буџетот  на општина Охрид за 2019 година и предлог-одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.07. до  31.12.2018 година.

Советниците дадоа зелено светло и  за извештаите за финансиско работење и годишните сметки за 2018 година за сите основни и средни училишта на територијата на општина Охрид ,за ЈОУДГ  „Јасна Ристеска“ и за  ОЈУ Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ - Охрид .

Беа усвоени и финансиските и годишните извештаи за работа на охридските јавни претпријатија за 2018 година: „Водовод“- Охрид, „Градски Гробишта“, „Охридски комуналец“, „Нискоградба“ и „Градски Пазар“. Во текот на расправата беше повлечен извештајот од ЈП „Билјанини извори“.

На Седницата беа усвоени и последните четири точки на дневен ред: Одлука за усвојување на Програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид за 2019 година;  Одлука за донесување на   Правилникот за субвенционирање (начинот и видот) на опрема и услуги во локалното земјоделство и сточарство; Одлука за утврдување рокови за спроведување мерки за финансиска поддршка и субвенционирање на трошоци за културна и туристичка промоција на градот Oхрид и Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на  урбанистички  планови на територијата  на  општина Охрид  за 2019-2020 г.

Прочитано:  226  пати
Објавено на: 14.03.19
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©