огласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) односно член 123 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.199/14) и Решението за организирање на јавна анкета и јавна презентација бр.19-2052/ од 28.04.2017 год. Градоначалникот на општина Охрид дава
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЗ 15, ДЕЛ ОД УБ 15.5 – ОПФАТ 1, КО ОХРИД 2, ОПШТИНА ОХРИД НАЦРТ ПЛАН 2014-2019
1. Просторот на планскиот опфат на Детален урбанистички план за УЗ 15, дел од УБ 15.5 – опфат 1, КО Охрид 2, општина Охрид е опфат со површина од 2,20 ха и тоа во граници на:
- на север со КП 8754/1 (печатница Коста Абраш).
- на исток со новопроектирана сервисна улица "3" – според ДУП за УЗ 9 УБ 9.4 и УЗ 15 дел од УБ 15.5 – опфат на ул.15 ти Корпус и ул.Кленоец.
- на југ со новопроектирана станбена улица "1" - според ДУП за УЗ 9 УБ 9.4 и УЗ 15 дел од УБ 15.5 – опфат на ул.15 ти Корпус и ул.Кленоец.
- на запад собирната улица Кленоец.
2. Јавната анкета ќе трае од 05.05.2017 - 18.05.2017 год.
3. Јавната презентација ќе се одржи во Големата сала на општина Охрид на ден 10.05.2017 год (среда) со почеток во 12.00 часот.
4. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред Големата сала за состаноци.
5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14.00 до 16.00 часот во просториите на општина Охрид.
6. Сите заинтересирани физички и правни лица, како и субјектите од членот 29 на горе цитираниот Закон за просторно и урбанистичко планирање можат да достават забелешки и предлози по нацртот на планот на анкетни листови додека трае јавната анкета до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.
Извор: www.ohrid.gov.mk |