Со низа активности , Општинската организација на Црвен крст од Охрид се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина. По тој повод, денес, претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска и претседателот на општинската организација на Црвениот крст, Сашо Точко, положија свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан.
|