Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СПОРТСКИ ДЕН ВО САЛАТА „ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ“
Untitled Document

По повод 4. март, денот на раѓањето на Тодор Александров, во спортската сала која го носи неговото име, од страна на ОУ „Живко Чинго“, и Сојузот за училишен спорт, а под покровителство на в.д. градоначалникот, Константин Георгиески, беше организиран спортски ден. Учесници на манифестацијата беа учениците од основните школи од Охрид и Дебрца.

 Навистина ме радува фактот што Охрид како град може да се пофали со голем број на ентузијасти, особено во сферата на спортот. Ова е од големо значење за градот, бидејќи преку промоцијата на здравиот и активен начин на живот ги поттикнуваме да чекорат по вистинскиот пат. Токму тоа е причината што денес сме овде собрани во спортска сала „Тодор Александров“ во Велгошти, да го означиме почетокот на оваа спортска манифестација. Ваквите настани секогаш се сон за сите играчи и место каде може да ги покажат своите знаења и вештини. Се надевам дека овој настан ќе претставува дополнителна инспирација кај младите луѓе што поактивно да се занимаваат со спорт, истакна в.д. градоначалникот Георгиески.

Во рамки на манифестацијата беа организирани натпревари во повеќе дисциплини и тоа во мал фудбал,  баскет, пинг понг и шах во машка и женска конкуренција.

 

Прочитано:  485  пати
Објавено на: 04.03.19
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©