Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ТРИБИНА ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО
Untitled Document

На трибината која ја организира општина Охрид на тема „Семејно насилство и насилство врз жените" претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска истакна дека:со оваа трибина се има за цел да се актуелизира семејното насилство како појава во која најчесто  жртви се децата и жените од ранливите категории.

Семејното насилство е манифестација на историската нерамноправност во дистрибуцијата на моќта меѓу мажите и жените и главен механизам за одржување на нерамноправноста на половите. Таа истакна дека во соработка со институциите кои ја третираат оваа проблематика општина Охрид ќе се залага за преземање мерки за намалување на оваа појава на територијата на општината како и мерки за згрижување на жртвите од семејно насилство.

Претставниците од Центарот за социјални работи истакнаа дека во 2017 година се забележани 206 пријави за семејно насилство, оваа бројка укажува на се поразвиена свест на жртвата да го пријави насилството. Претставникот од Одделот за превенција при СВР Охрид Миле Јаковчески посочи дека пријава за семејно насилство може да поднесе само жртвата, ги презентира активностите кои ги презема овој Оддел при што потенцира дека во голем број на случаи жртвата не се осудува да го пријави насилството или се откажува во текот на постапката.

Советничката Рената Арнаудова ги запозна присутните со планираните активности  во Програмата за унапредување на родовата еднаквост, а претставниците на ЖЦ Бисера ги сподели искуствата кои ги имале во преземање активности од оваа проблематика.

На трибината беше презентирана и Истанбулската конвенција од страна на пратеничката Жаклина Лазареска. На крај се донесе заклучок од неопходност за отварање на шелтер центри за згрижување на жртвите од семејно насилство, а претседателката на Советот повика граѓаните да иницираат теми за трибини и јавни расправи на кои заеднички ќе се обидеме да ги лоцираме проблемите и да го изнајдиме решението за надминување на истите.

Прочитано:  1480  пати
Објавено на: 03.03.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©