Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
УСПЕШНА ПРОМОЦИЈА НА УНИКАТНИТЕ РАКОТВОРБИ НА ОХРИДСКИТЕ ЗАНАЕТЧИИ
Untitled Document

 Во организација на Секторот за туризам и ЛЕР при општина Охрид и соработка со Занаетчиската комора од Охрид,  од 17 до 20 август, на плоштадот „Крушевска Република“ по втор пат  се одржа Манифестацијата „Ohrid craft expo“ на која занаетчиите ги изложија своите производи , а истовремено беа промовирани потенцијалите на охридското занаетчиство како фактор за економски развој, зачувување на традиционалните вредности и атрактивно занимање на младите.
Посетителите имаа можност да се запознаат со широката палета на производи (сувенири, бакрорез,книговез,накит, рачно изработени свеќи, плетени ракотворби,рециклирани макети) создадени од вештите раце на занаетчиите кои изразија подготвеност за воспоставување поинтензивна соработка во делот на зголемување на мерките за поддршка на занаетчиството кое нуди перспектива за вработување на младите поддржани преку проекти за почнување мали бизниси.
  Заложба на Локалната самоуправа е  Манифестацијата „Ohrid craft expo“ да добие традиционален карактер која ќе поттикне  континуирана кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој и зачувување на традицијата и културата.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1387  пати
Објавено на: 21.08.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©