Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИЗРАЕЛСКИ БИЗНИСМЕНИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид д-р Јован Стојаноски и неговите блиски соработници  денес во општинската зграда  имаа  работна средба со   група бизнисмени  од Израел.

Целта на состанокот  беше  зајакнување и продлабочување на  бизнис релациите помеѓу двете земји, Македонија и Израел и  запознавање  со бизнис можностите кои ги нуди Охрид.
На  состанокот претставници од Секторот за ТЛЕР ги презентираа туристичките потенцијали на Охрид, а   им беа презентирани и  бизнис можностите во други сегменти.  Гостите беа информирани и за поволностите кои на национално ниво им стојат на располагање за започнување на бизнис во Република Македонија.

Со цел да воспостават конкретни бизнис релации , во рамки на посетата  за израелските гости ќе бидат организирани средби со преставници на бизнис заедницата од Охрид.

Прочитано:  1437  пати
Објавено на: 14.03.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©