Во рамки на кампањата на ЕУРОРДИС (Европска организација за ретки
болести) , под мотото „Истражување“, со низа активности и охриѓани ќе го
одбележат Денот на ретки болести,настани кои, пред се`, ќе бидат насочени
кон промоција и информирање на јавноста за лицата заболени од ретки болести
и начинот за помош и поддршка на истите.
Одбележувањето на Денот на ретките болести во Охрид ќе се одржи утре, на
28-ми февруари 2018 година. Централен настан како што се најавува ќе биде
Маршот низ улиците на градот на кој ќе учествуваат ученици од основните и
средните училишта како и Сојузот на училишен спорт, со што најмладите
ќе ја дадат својата поддршка на лицата заболени од ретки болести. Помагатели
на овој настан се градоначалникот Д-р Јован Стојаноски, Секторот за
внатрешни работи, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, Црвен Крст
како и бројни институции и поединци.
Збирното место за учесниците на маршот, учениците од основните и
средните училишта, претставниците на локалната самоуправа, како и поединци и
институции, подржувачи на кампањата, е пред гимназијата „Св. Климент
Охридски“ во 12 часот.Учесниците на марашот ќе се движат до крајот на
улицата „Јане Сандански“ кај хотел „Ројал“, десно по Кеј „Македонија“ па се`
до плоштадот „Св. Климент Охридски“ каде ќе дели едукативно- информативен
материјал за ретките болести. Како што најавуваат од Здружението за ретки
болести „Живот со предизвици“, во 13:30 часот, е предвидена промоција
на химната на Децата со ретки болести во ресторанот „Лихнидос“ .
|