Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВОЗИЛА НА УЛИЦА „МАКЕДОНИЈА“
Untitled Document

Од денес улицата „Македонија“ од пресекот со ул. „Македонски просветители“ до пресекот со ул. „Јане Сандански“ ќе биде затворена за сообраќај поради одбележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација. Одбележувањето ќе се реализира во наредниве неколку дена и ќе биде по целата должина на реконструираната улица од 550 метри и ширина од 12 метри.

Улицата „Македонија“ се очекува да биде затворена за сообраќај во текот на целата летна туристичка сезона од кружниот тек кај градскиот плоштад до пресекот со улицата  „Ванчо Николески“.  Затворањето на оваа улица за сообраќање е во насока на напорите на актуелната локална власт  постепено да го редуцира движењето на возила во централното градско подрачје и  да им даде предност на пешаците и велосипедистите.

Изминатиов период во неколку наврати надлежните општински служби  го испитуваа  јавното мислење,  а резултатите покажаа дека најголем дел од охриѓани сакаат улицата „Македонија“ да биде пешачка зона. 

Прочитано:  405  пати
Објавено на: 02.07.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©