Во рамките на проектот АКТ- актвирање на граѓаните за грижа за животната средина, финансиран од РЕЦ- Регионалниот еколошки центар во рамките од програмата КРЕСИДА, денеска во Општина Охрид се одржа првиот координативен состанок. На состанокот, на кој учествуваа претставници од Општина Охрид, Хидробиолошкиот институт, ЈП „Охридски комуналец“ и невладиниот сектор, се расправаше за натамошните проектни активности кои треба да придонесат за подобрување на состојбите со заштитата на животната средина.
Извор: www.ohrid.gov.mk |