На ден 06.04.2017 (четврток), екипите на МЈП „ПРОАКВА“ РЕ Водовод Охрид, ќе вршат интервенции на водоводната мрежа, односно миење на резервоари и водоводни линии, поправка на танзитни водоводни системи и санацаија на вентили од поголеми профили, како и санација на водомерни шахти.
Акцијата опфаќа и дезинфекција на сите резервоари и водоводни линии поради што ќе има прекин во водоснабдувањето во целиот град и околните наеселени места чии водоснабдителни системи се под надлежност на МЈП „ПРОАКВА“.
Прекинот ќе трае од 05:00 до 17:00 часот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |