-Општина Охрид , презема почетен план за решавање на долгорочниот проблем со кучињата бездомници, на доброволна основа, во соработка со Здружението на граѓани „ Анималија“ . Во исто време ќе се продолжи со проектот за стерилизација, нега и згрижување и ќе се бара трајно решение за определување на локација за стационар.
Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе аплицираме со проекти за набавка на опрема и обука на кадри од комуналното претпријатие за справување со оваа проблем.Важно ние да потенцираме дека проблемот не е краткорочен и може да трае во целиот мандат, па затоа мора со заеднички сили сите граѓани на Општина Охрид, а во наредниот период, заедно со општините Дебрца, Струга и Ресен заеднички ќе го решаваме проблемот- рече на денешната прес конференција, градоначалникот Јован Стојаноски.