Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
С О О П Ш Т Е Н И Е ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за УЗ 2, дел од УБ 2.3 – опфат 6, Охрид, општина Охрид - НАЦРТ ПЛАН – плански период 2014-2019
Untitled Document

Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) односно член 123 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.199/14) и Решението за организирање на јавна анкета и јавна презентација бр.19-2052/  од 28.04.2017 год. Градоначалникот на општина Охрид дава


 
       С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ
НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА
ЗА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за УЗ 2, дел од УБ 2.3 – опфат 6, Охрид, општина Охрид  - НАЦРТ ПЛАН – плански период 2014-2019

 


СЕ ОРГАНИЗИРА јавна анкета и јавна презентација за Нацрт - Детален урбанистички план за УЗ 2, дел од УБ 2.3 – опфат 6, Охрид, општина Охрид, плански период 2014-2019, со т.б. 09/15 од февруари 2016г. изработен од Друштво за за просторно и урбанистичко планирање „ПОЛОГПРОЕКТ-ПРО“ доо.
 
1.       Просторот на планскиот опфат на Детален урбанистички план за УЗ 2, дел од УБ 2.3 – опфат 6, Охрид, општина Охрид е опфат со површина од 0,80 ха и тоа со граници:
·         на северозапад по осовина на ул.„Македонски Просветители“
·         на североисток по ободот на „Пешачка патека 3“ па по осовина на станбена улица „Новопроектирана 1“
·         на југоисток по осовина на станбена улица „Новопроектирана 1“
·         на југозапад по осовина на сервисна улица „Димитар Влахов“
 
2.       Јавната анкета ќе трае од 19.06.2017 - 03.07.2017 год.
3.       Јавната презентација ќе се одржи во Големата сала на општина Охрид на ден 21.06.2017 год (среда) со почеток во 12.00 часот.
4.       Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица  планот ќе биде истакнат во холот  на општина Охрид пред Големата сала за состаноци.
5.       Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14.00 до 16.00 часот во просториите на општина Охрид.
6.       Сите заинтересирани физички и правни лица, како и субјектите од членот 29 на горе цитираниот Закон за просторно и урбанистичко планирање можат да достават забелешки и предлози по нацртот на планот на анкетни листови додека трае јавната анкета до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.
 

ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН УЗ 2, ДЕЛ ОД  Б 2.3 - ОПФАТ 6

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1381  пати
Објавено на: 20.06.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©