Се повикуваат граѓаните (физички и правни лица) на Општина Охрид кои
сметаат дека невремето проследено со силен јужен ветар кое го зафати
подрачјето на Општина Охрид на 17.03.2018 година, им има нанесено
материјална штета на нивните имоти ( угостителски објекти, станбени објекти,
земјоделски објекти, деловни простори и др.) , истата да ја пријават во
просториите на општина Охрид.
Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од
08:00 до 16:00 часот од 19.03.2018 година (понеделник), во Општински
услужен центар, во архива на Општина Охрид, или на телефонскиот број
046/262-492.
Лице за контакт од Општина Охрид за пријавување на штетите е Дипл.
Земјоделски инжинер Радован Вељаноски, Претседател на Општинската комисија
за проценка на штети од елементарни непогоди.
Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија
од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост на
имотот (имотен лист), а доколку лицата поседуваат фотографии истите да ги
приложат кон барањето.
|