Градоначалникот на Општина Охрид
ОБЈАВУВА
Издавање на Б-Интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 126 од „Законот за животна средина“ (Сл.весникна РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129, 15 и 39/16 ) Градоначалникот на Општина Охрид за АВАНС-ПРОМ ДООЕЛ Охрид, Живинарска фарма Вапилица с.Вапила, Охрид–Општина Охрид издаде
Б-Интегрирана еколошка дозвола бр.21 – 5 од 10.01.2019 г.
Носител на дозволата :
АВАНС-ПРОМ ДООЕЛ Охрид, Живинарска фарма Вапилица с.Вапила, Охрид–Општина Охрид
Адреса на седиштето :
Седиште на компанијата, с.Вапила , Охрид
Локација на инсталацијата, с.Вапила, Општина Охрид
Координати на локацијата:
41°18´95´´N 20°82´79´´E
Контакт лице :
Лазо Силјаноски- управител на живинарската фарма , претставник за животна средина
Категорија на инсталацијата :
6.6. Инсталации за интензивно живинарство или свињарство со капацитет од:
(а) 5.000 до 40.000 места за живина
Вид на активност:
Производство на конзумни јајца
Дозволата во печатена форма ќе биде достапна во просториите на општина Охрид, Сектор за животната средина и управување со отпад , Одделение за заштита и влијание врз животната средина. |