Во насока на максимална транспарентност и отвореност кон јавноста на Општина Охрид, а со цел да се промовираат соодветно активностите во чест на Св. Климент Охридски - Патронот на градот, Ве информираме дека вечерва од 20:00 часот ќе биде обезбеден директен видео стрим од свечената Академија.
Видео преносот од манифестацијата која ќе се одржи во дијамантската сала на хотелот „Инекс“, а на која свечено ќе се доделат највисоките годишни награди, ќе започне во 20:00 часот, а сите медиуми ќе можат слободно да го користат на својата програма за емитување во живо или одложено.