Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВЕЛИЧЕСТВЕН ВОДОСВЕТ ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ ВО ОХРИД
Untitled Document

На големиот водосвет за празнникот Богојавление- Водици, меѓу стотината верници кои се фрлаа по светиот крст, најсреќен беше 27- годишниот Иван Лотески од Варош.

-Чувството е прекрасно, за ова живееме преку цела година. Денес јас бев најсреќен, ќе продолжам да скокам и понатака. По Светиот крст во езерските води скокам веќе 14 години, годинава ми се посреќи. Среќа, здравје и бериќет  им посакувам на сите и им го честитам овој голем прзник- изјави Иван Лотески, среќниот фаќач на крстот.

Настанот кој го следеа неколку илјади граѓани, оваа година беше во организација на Дебарско- кичевската епархија, во соработка со Локалната самоуправа, со поддршка на Јавните претпријатија, Црвен крст, Нуркачки центар ,,Амфора”, како и фаќачите на светиот крст од минатите години.

-Годинава направивме ретко добро организиран црковно- народен собир и на достоинствен начин , масовно го одбележавме големиот празник Богојавление- Водици. Овој настан веќе станува и дел од туристичката понуда, бидејќи секоја година имаме се поголем број посетители. Со денешното чествување, го заокруживме и проектот ,, Од 20-ти до 20-ти -сите во Охрид”, за кој сметаме дека ќе ја збогати туристичката  понуда за време на зимскиот период”- рече градоначалникот Јован Стојаноски, посакувајќи им на граѓаните добро здравје, среќа и бериќет.

На просторот на Сараиште, денеска се одржа и традиционалното групно крштевање, а утре на истото место ќе биде одбележан Денот на рибарите.

Прочитано:  1467  пати
Објавено на: 19.01.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©