Со натпреварите за прво и трето место, ЈП „Билјанини извори“, утре ( сабота, 31. 03 ) со почеток во 17 часот ја заокружува организацијата на Бизнис лигата во мал фудбал за оваа година.
Десет компании во изминатите два месеци одиграа бројни натпревари исполнети со многу голови, убави потези и дружење.
Натпревар за трето место: ЈП Ох. Комуналец – Метропол, почеток 17:00 часот.
Натпревар за прво место: „Жито леб“ - ХТЛ „Леарница“, почеток 18:00 часот.
Покрај наградите за најдобрите четири екипи ЈП „Билјанини извори“ има обезбедено и награди за најдобар играч, голман и стрелец.
Првите три компании ќе добијат и ваучери за бесплатни термини и рекламирање во Спортската сала на ЈП „Билјанини извори“.
ЈП „Билјанини извори“ ги поканува сите љубители на фудбалот, спортот и останати граѓани на Охрид да присуствуваат на финалните натпревари од Бизнис лигата во мал фудбал „Охрид 2018“. |