Општина Охрид четврта годиа во континуитет агажира невработни лица преку програмата „Општинско- корисна работа“ која е дел од поголемиот проект за оддржливи вработувања и се спроведува со поддршка на Агенција за вработување на Македонија и UNDP. Станува збор за активност која на долгорочно невработени лица им нуди шанса за социјална вклученост преку работно ангажирање со скратено работно време, со цел стекнување на одредени вештини за полесно и постепено вклучување на пазар на труд
Општина Охрид оваа година ќе ангажира 10 лица во детската градинака ЈОУДГ Јасна Ристеска со цел да се и подобри воспитно - едукативната и образовна програма на најмладите во општината. Ќе бидат ангажирани следните профили:
Со оваа програма, конкретно лицата ќе бидат ангажирани во интервал од 6 месеци, ќе добиваат месечен надоместок од 6.200 денари за 20 работни часа во неделата, со вклучен персонален данок, добиваат можност да се стекнат со нови работни вештини и работно искуство. Статусот на невработено лице останува непроменет и на невработените лица- корисници на социјална помош ќе им мирува остварувањето на ова право до истекот на работниот ангажман.
Огласот за пријавување од страна на Општина Охрид е објавен на официјалната веб страница на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk заинтересираните ќе можат да се информираат и да се пријават во Центарот за вработување Охрид.
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за врабоитување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Охрид-, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 14.09.2017-година се објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско - корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “СИТЕ СМЕ ИСТИ СО ЕДНАКВИ ПРАВА” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
- Млади лица до 29 години со ниски квалификации;
- Невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку една година;
- Млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци;
- Родители на деца со пречки во развојот;
- Родители на три и повеќе деца;
- Самохрани родители;
- Родители на деца на улица;
- Жртви на семејно насилство
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
- Воспитувачи (5)
- Негователи (5)
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид во периодот од 14.09.2017-година до 20.09.2017 година.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Охрид- и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Охрид- кај лицето Кети Росиќ-, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид- кај лицето Пецо Павлоски, Центар за социјлна работа Охрид кај лицето Мирјана Врангалоска.
Сите заинтересирани кои ги исполнуваат услвите за учество во овој проект можат да се пријават во Агенција за вработување - Центар за вработување Охрид кај лицето Пецо Павлоски.
Извор: www.ohrid.gov.mk |