Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕТСТАВНИЦИ НА ТУРСКАТА АГЕНЦИЈА „ ТИКА“ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски  оствари средба со Ајтекин Ајден, Програмски координатор за Република Македонија на Tурската агенција за координација и соработка „ТИКА“.

На средбата која се одржа на иницијтива на родителите Ајнур Абдула, Фарије Реџеп и Емир Муфти, беше разговарано за можноста за изградба на нова училишна зграда на местото на старата зграда од ОУ „Братство - Единство“ на улицата  „7.Ноември“.
Од страна на градоначалникот беа презентирани сите документи кои беа побарани од страна на преставниците на „ТИКА“ кои понатаму ќе бидат презентирани на повисоко ниво во оваа агенција.

Tурската агенција за координација и соработка „ТИКА“ е дел од Претседателството на Владата на Република Турција, а во Република Македонија е присутна и функционира од 2005 година, со своја Канцеларија за програмска координација.

Прочитано:  1410  пати
Објавено на: 08.11.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©