Општина Охрид и Секторот за ТЛЕР во рамките на проектот СЦБЕ - ТБЦ
финансиран од Европска Унија, програмата ИПА - за прекугранична соработка
помеѓу Македонија и Грција 2007-2013, покрај работилницата која беше
спроведена за изработка на SWOT анализа што ја покажува состојбата на
пазарот на труд и претприемништво во Охрид , дополнително, предвидува и
десетдневна обука за развој на претприемништвото.
Во рамките на овој порект наменет за подобрување на претприемништвото во
прекуграничната област Лерин-Охрид-Солун, преку воспоставување на нови
претпријатија и подобрување на постоечките, вчера ја спроведе првата обука
за развој на претприемништвото со цел постигнување на економски развој,
самовработување и отварање на нови бизниси.
На обуката предавачите Доц. Д-р Драган Шутевски и Методија
Саздов преку практични примери упеаја на присутните да им презентираат што
значи Креативноста наспроти Иновативноста. Во наредните обуки ќе биде
практично составен бизнис модел и бизнис вежба за сите млади невработени и
идни претприемачи да видат како практично една идеја може да се претвори во
бизнис.
Обуките ќе се одржуваатво континуитет во периодот што претстои.
Обуката е составена од следните модули: креативност и иновативност, развивање
на бизнис модел, менаџмент, комуникација и вмрежување, финансии и развивање на
вештини. Обуката се спроведува од страна на стручни професори и експерти, а
планирано е да заврши на 7 Јули со бизнис кафе за вмрежување помеѓу сите
невработени, вработени, компаниии и организации.
Невработените лица кои сакаат да се вклучат во обуките може да се пријават на
следната адреса aleksova.m@yahoo.com
Извор: www.ohrid.gov.mk |