Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ДОМАЌИН НА СРЕДБАТА НА ВЕТЕРАНИ ОД ОДБРАНАТА И БЕЗБЕДНОСТА
Untitled Document

Охрид   денес  е  домаќин  на    манифестацијата „Езерска средба- Охрид 2018“ што  се одржува за  прв пат, а  по повод 10 години од основањето на општинскиот огранок на Здружението на ветерани од одбраната  и безбедноста на Р. Македонија. Централното случување беше   Свечената седница што се одржа во големата сала на општина  Охрид на која  присуствуваа  претставници  на сродни здруженија од Албанија, Бугарија и Србија  и градоначалници на езерските градови од  македонска и албанска страна.

Пред присутните се обрати  градоначалникот  д-р Јован Стојаноски кој е и покровител на манифестацијата.

– Ми причинува особена чест и задоволство, како градоначалник и покровител на  манифестацијата „ Езерска средба-Охрид 2018“ , Вам на домаќините од Општинската организација на Здружението на ветерани од областа на одбраната и безбедноста, гостите и моите колеги градоначалници, да Ви посакам успешно работно и креативно дружење. Уверен сум дека денешниов ден го поминувате во пријателска атмосфера, од која ќе произлезат нови форми на соработка и иницирање на заеднички проекти. Оваа манифестација, која се организира во рамките на одбележувањето на 10-годишнината од успешната работа на Општинската организација на Здружението на ветерани  од одбраната и безбедноста од Охрид, за нас претставува израз на почит кон граѓанскиот активизам, поврзан со негувањето на вредностите од овој важен општествен сегмент.Одбраната, безбедноста и зачувувањето на мирот, биле приоритет и во времето кога Вие сте биле активни во безбедносните органи, но важен приоритет имаат и сега, во овие нови турболентни времиња полни со предизвици. Велат дека само со разбирање, почитување на другиот и дружење се градат нови пријателства. Длабоко верувам дека Вие,учесниците на овој собир токму на овие вредности, покрај старите ќе градите нови мостови за соработка.Присуството на гостите од сродните здруженија на ветераните од  Република Албанија, Република Бугарија и Република Србија, отвора нови можности за проширување на пријателствата во поширокиот регион.Во Вашата манифестација, препознав можност за проширување на регионалната соработка и на оваа средба ги поканив  градоначалниците од градовите околу Охридското и Преспанското Езеро.Им благодарам што ја прифатија поканата и денеска се со нас.Тоа е можност за да оцениме до каде се резултатите од досегашната соработка и да се договориме за идните чекори во иницирањето, пред се на нови трансгранични проекти, кои финансиски би биле поддржани од европските фондови. На крајот уште еднаш да посакам, денешниов ден да го поминеме во пријателска атмосфера и да закажеме нови  вакви среќавања- подвлече градоначалникот Стојаноски.

Претседателот на Општинската организација на ветераните од одбраната и безбедноста на Македонија,   Добре Вељаноски  потсети на   активностите  кои ги реализираат членовите во  Охрид.

-Нашето здружение опфаќа неколку специфични категории пензионери и граѓани и тоа од одбраната, од безбедноста резервниот состав, како и придружни членови.Ние, со нашите активности успеавме да ги анимираме пензионираните лица дел од своето слободно време да го користат организирано ,да се дружат и меѓусебно помагаат. Ние, нашето долгогодишно работно искуство го користиме за реализација на планираните активности не само во нашиот град и двете општини, туку и пошироко во цела Западна Македонија- рече Велјаноски и  упати благодарност до градоначалникот Стојаноски кој во улога на покровител придонел во поголема афирмација на настанот.
-Дозволете ми уште еднаш најтопло да му се заблагодарам на нашиот градоначалник професор д-р Јован Стојаноски, за неговата континуирана поддршка и разбирање за нашата работа и нашиот придонес во афирмацијата на градот Охрид-
истакна  Вељаноски.

На случувањето беа доделени признанија и дипломи  на  градоначалникот Стојаноски  кој е и покровител на манифестацијата, на соработници од ограноци и сродни здруженија  од  земјава и странство  и на победниците од  одржаните спортски натпревари. 
Манифестацијата „Езерски средби- Охрид 2018“ започна со   натпревар во неколку спортски дисциплини  на учесниците од Македонија, Србија, Бугарија и Албанија.  Домаќините и гостите   беа во посета Хидробиолошкиот институт, а случувањето беше заокружено со заеднички ручек.

Организатор на настанот е огранокот на Здружението   на ветерани  од одбраната и безбедноста на Република Македонија, а под покровителство на градоначалникот Јован Стојаноски.

Прочитано:  1449  пати
Објавено на: 24.03.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©