Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СВИКAНА ДВАЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), претседателот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА  ДВАЕСЕТ И ТРЕТАТА  СЕДНИЦА   
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

ЈА СВИКУВАМ дваесет и третата седница на Советот на општина Охрид на ден 16.01.2019 година (среда) со почеток во 11.00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

Усвојување на Записникот од 21. седница

  1. Предлог – одлука за усвојување иницијатива за развивање на трет локален еколошки акционен план на општина Охрид.
  2. Предлог – одлука за формирање локален управен комитет за ЛЕАП за подрачјето на општина Охрид.
  3. Предлог – одлука за одржување на јавната чистота на територијата на општина Охрид.
  4. Предлог – одлука за превземање на водоводот од МЗ Косел и отстапување на МЈП „Проаква“- Струга РЕ „Водовод“ Охрид.
  5. Предлог – одлука за превземање на водоводот од МЗ Опеница и отстапување на МЈП „Проаква“- Струга РЕ „Водовод“ Охрид.
  6. Предлог – одлука за превземање на водоводот од МЗ Речица и отстапување на МЈП „Проаква“- Струга РЕ „Водовод“ Охрид.
  7. Предлог – одлука за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.
  8.   Предлог - одлука за пренесување на правото на користење на ПМВ марка „Форд Фиеста“ сопственост на општина Охрид на ЈП„Билјанини Извори“ Охрид.
  9. Предлог – одлука за пренесување на правото на користење на ПМВ марка „Форд Фиеста“ сопственост на општина Охрид на ЈП Градски Пазар Охрид.
  10. Предлог – одлука за пренесување на правото на користење на донација на движен имот – специјално товарно возило – „Пајак“ од општина Охрид на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид.
  11. Предлог – одлука за пренесување на правото на користење на ПМВ марка „Мерцедес“, сопственост на општина Охрид на ЈП „Нискоградба “ – Охрид.
  12.  Предлог – одлука за разрешување и именување членови на Училишниот Одбор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид.
  13. Предлог – одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски Гробишта“ Охрид.
  14. Предлог – одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на годишниот план за вработување на ЈП „Градски Гробишта“ – Охрид за 2019 година.
  15. Предлог – одлука за давање согласност на одлуката за усвојување на годишниот план  за вработување на ЈП Градски пазар – Охрид за 2019 година.
  16. Предлог – одлука за давање согласност на одлуката за усвојување на годишниот план за вработување на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид за 2019 година.
  17. Предлог – одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот план за вработување на ЈП „Нискоградба“ – Охрид за 2019 година.
  18. Предлог – одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот план за вработување на МЈП „Проаква“ - Струга, РЕ „Водовод“ Охрид за 2019 година.
  19. Предлог Програма во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2019 година.  
  20. Предлог  Годишна Програма за поставување Урбана опрема во општина Охрид за 2019 година. 
  21. Предлог – одлука за утврдување  на висината на надоместокот (закупнината) за поставување  урбана опрема во општина Охрид за 2019 година.
  22. Предлог- одлука за прифаќање на Иницијативата за експропријација на градежно земјиште.
  23. Предлог  одлука за прифаќање на Иницијативата за експропријација на градежно земјиште. 
  24. Предлог - одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко - планска документација, за усогласување на намената  на земјиштето на Кп .бр.73  КО Лескоец
  25. Предлог- одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко - планска документација, со цел вклопување на бесправно изградените објекти на Кп.бр. 133/5 КО Велгошти.
  26. Предлог - одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко - планска документација, со цел вклопување на бесправно изградените објекти на Кп.бр. 153 КО Охрид 4.
  27. Предлог - одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко - планска документација, за усогласување на намената  на земјиштето на Кп.бр.358  КО Охрид 4.
  28. Предлог - одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко - планска документација, со цел вклопување на бесправно изградените објекти на Кп.бр. 541/7 и 550/3 КО Велгошти
  29. Предлог - одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко - планска документација, со цел вклопување на бесправно изградените објекти на Кп.бр. 838 КО Косел
  30. Предлог - одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко - планска документација, со цел вклопување на бесправно изградените објекти на Кп.бр. 941/60 и 954/1 КО Оровник
  31. Предлог - одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко - планска документација, со цел вклопување на бесправно изградените објекти на Кп.бр. 1129 КО Скребатно
  32. Предлог - одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко - планска документација, со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1680 и Кп.бр.1673 КО Лескоец
  33. Предлог - одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко - планска документација, со цел вклопување на бесправно изградените објекти на Кп.бр. 1906 КО Лескоец
  34. Предлог - одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко - планска документација,  со цел вклопување на бесправно изградените објекти на Кп.бр. 2238 КО Лескоец
  35. Предлог - одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко - планска документација, со цел вклопување на бесправно изградените објекти на Кп.бр. 2266 КО Велгошти
  36. Предлог - одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко - планска документација, со цел вклопување на бесправно изградените објекти на Кп.бр. 2366 КО Коњско
  37. Предлог - одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко - планска документација, со цел вклопување на бесправно изградените објекти на Кп.бр. 2873/1 КО Елшани
  38. Предлог- одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко - планска документација, за усогласување на намената  на земјиштето на Кп.бр.7517/1  КО Охрид 1
  39. Предлог - одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко - планска документација, со цел вклопување на бесправно изградените објекти на Кп.бр. 954/8  и 954/1  КО Оровник

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател,
Живка Ангелоска

Прочитано:  538  пати
Објавено на: 10.01.19
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©