Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ФИНИШИРААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА РЕКРЕАТИВНАТА ПАТЕКА КАЈ СТУДЕНЧИШТА
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески со соработниците, денеска изврши увид на градежните активности на пешачко- рекреативната патека кај каналот Студенчишта, кои се во завршна фаза. Патеката е долга 600 метри, а за нејзината изградба Локалната самоуправа обезбеди 20.000.000 денари буџетски средства.

Пешачко- рекреативната патека кај каналот Студенчишта ќе има древен дел наменет за прикачување пловни објекти, камен пешачки дел со ширина од 4 метри,хортикултурно уредена зона, дел за велосипедисти со широчина од 2 метри и ќе се спојува со прекрасно уредениот мал канал.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1439  пати
Објавено на: 07.08.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©