Вечерва, (26.03.2018) година со почеток во 19,00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница -8 „Билјанини извори“. Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид, сала 1.
Урбаната Заедница -8 “Билјанини Извори” го зазема источниот дел од градската територија и се граничи со: од Исток со ул. “Стрелиште”, од Запад ул. “Јане Сандански”, од Север “1 Градски Ринг” (ул. “Карпош Војвода”) и од Југ булевар “Туристичка”.
УЛИЦИ: ул. “Јане Сандански” – десна страна од бр. 36 (семафори кај “Мини Маркет”) до бр. 96 пресек со ул. Карпош Војвода, ул. “Карпош Војвода” – десна страна од бр.2 до крај , булевар “Туристичка” – десна страна од почетокот до семафори кај “Мини Маркет”, ул. “8 Септември”, ул. “Лазо Трпоски”, ул. “Мирче Ацев”, ул. “Ванчо Питошески”, ул. “Галичица”, ул. “Никола Карев”, ул. “АСНОМ” – до пресек со ул. булевар “Туристичка” |