Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНА НОВОГОДИШНОТО УКРАСУВАЊЕ НА ОХРИД
Untitled Document

Надлежните служби на општина Охрид, утрово започнаа со новогодишно украсување на градот. Според најавите годинава Охрид ќе блесне во полн сјај и ќе биде најубаво украсен во споредба со претходните неколку години.

Ѕвезденото небо ќе блесне над чаршијата и плоштадот „Св. Климент Охридски“ , а градските паркови ќе бидат накитени со новогодишна лед мрежа. На соодветни локации во центарот на Охрид ќе бидат поставени новогодишните украси:пакет, лампион и елен. На плоштадот „Св.Климент Охридски“ ќе биде поставена голема новогодишна елка.

Кружните токови кај Охридска Банка и гимназијата  „Св. Климент Охридски“ ќе бидат разубавени со новогодишни фонтани.

Улиците „Македонски просветители“ и „Македонија“ кај истоимениот кеј ќе бидат украсени со новогодишни топки и мразулци, а „Туристичка“ со новогодишни украси во вид на снегулки.
Според најавите и годинава покрај централното, ќе бидат накитени и периферните делови на градот со  постоечките реквизити кои се сопственост на општина Охрид.

Украсувањето на Охрид  според планираното  треба да заврши во првата половина на месец декември.   Накитениот  Охрид се очекува да ги воодушеви бројните гости и туристи кои за Новогодишните и Божиќни празници ќе престојуваат кај нас. 

Прочитано:  338  пати
Објавено на: 26.11.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©