Градскиот театар „Јоза Ивакиќ“ од збратимениот град Винковци од Република Хрватска, синоќа на малата сцена на Центарот за култура „ Григор Прличев“ ја одигра комедијата „Во бабиното гнездо“ . Охридската публика со долготрајни аплаузи ја награди изведбата на артистите Петра Кралјев, Владимир Андриќ и Бланка Барт, кои на крајот изјавија дека се импресионирани од реакциите на гледачите и гостувањето во Охрид.
Комедијата „ Во бабиното гнездо“ е работена по мотивите на филмот „ Дуплекс“ на Дени Де Вито, а сценариото и режијата ги потпишува Цветин Анчиќ. Претставата беше проткаена со духовити ситуации, поврзани со млада брачна двојка, која веднаш по венчавањето, мора да обезбеди кров над глава. Тие се определуваат преку оглас да најдат постара жена со стан за да ја чуваат.Младата брачна двојка очекува брза смрт на старицата, а таа пак во низа комични ситуации се однесува лагодно и е полна со живот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |