Во рамките на проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион“, EuropeAid/136347/IH/SER/MK, финансиран од Европската Унија, инициран од Министерството за животна средина и просторно планирање, во рамките на ИПА, склучен со и спроведен од Секторот за централно финансирање и склучување договори, Министерство за финансии и имплементиран од страна на ENVIROPLAN S.A. и нејзините конзорциумски партнери, LOUIS BERGER – BiPRO GmbH – EPEM S.A. – SLR Consulting Limited, подготвена е Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за Југозападниот регион.
Во име на Министерството за животна средина и просторно планирање, би сакале да ве поканиме на Јавна расправа за студијата ОВЖС за Општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа (Југозападен регион) што ќе се одржи во среда, 19 јули 2017 година во 10:00 часот.
ЈАВНА РАСПРАВА ЗА СТУДИЈА ЗА ОВЖС ЗА ОПШТИНИТЕ, ОХРИД, СТРУГА, ВЕВЧАНИ, ДЕБАР И ЦЕНТАР ЖУПА
Извор: www.ohrid.gov.mk |