Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ТУРИСТИЧКИОТ СЕКТОР ПОАКТИВНО ВКЛУЧЕН ВО ОДЛУКИТЕ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид, д-р Јован Стоајноски денес одржа работна средба со претставници од Хотелската Асоцијација на Македонија, претставници на туристички агенции, приватни станоиздавачи и претставници од угостителскиот еснаф. Средбата беше на иницијатива  на градоначалникот Стојаноски.

 - Првата и основна причина поради која што ја одржуваме оваа средба е организацијата на саемските настани кои што следуваат во текот на јануари, февруари и во наредните месеци, за да имаме еден организиран настап.  Едноставно одиме на онаа зацртана агенда на Локалната самоуправа , а тоа е да разговараме со директните актери, со бизнис секторот.    Разговорите се во насока на тоа што   треба да направи општината за да имаме еден добар настап, а првичната цел на разговорот е да утврдиме кои се целните пазари на кои што и општината Охрид треба да ги потпомага , хотелиерите и сите бизнисмени инволвирани во  туризмот. Сакаме да го добиеме и нивното мнение, нивниот впечаток,  тоа е во склад со онаа новост  во буџетското планирање,  буџетски средства да се издвојуваат во склад со барањата на целните сегменти или на самите граѓани. А  во случајов станува збор за целниот сегмент туристички работници – истакна градоначалникот Стојаноски.

Туристичките работници ја поздравија иницијативата и заложбите  на градоначалникот Стојаноски   и тие директно  да придонесуваат во донесувањето на одлуки  кои што битно ќе им  го олеснат понатамошното работење, а бенефитот ќе  биде изразен во побрзиот туристички развој на Охрид. Беше заклучено дека вакви работни средби континуирано ќе се одржуваат и во иднина,  буџетските средства за 2019 година ќе се креираат  согласно барањата на туристичките работници односно целни групи.

Прочитано:  1434  пати
Објавено на: 12.01.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©