Охридските основни и средни училишта, детската градинка и јавните претпријатија, со бројни активности го прославија Денот на пролетта. Најмладите со пролетни маски и детска песна традиционално беа на градскиот плоштад, во училиштата се расчистуваа дворовите , а пролетни акции имаше и во јавните претпријатија.
Вршителот на должноста градоначалник Константин Георгиески, ги посети вработените на ЈП „Охридски комуналец“ и учениците кои го чистеа и хортикултурно го уредуваа паркот зад спортската сала на гимназијата „ Св. Климент Охридски“.
|