Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски денеска во општинската зграда ги прими мажуретките од генерацијата '99 - '09 кои ќе се дел од Европскиот КУП што денес и утре се одржува во Спортската сала "Билјанини Извори" .
На учесничките на натпреварот првиот човек на градот им посака пријатен престој во Охрид со желба да победат најдобрите.
На Европскиот КУП ќе учествуваат повеќе од 600 мажуретки од Молдавија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и секако домаќинот Македонија, кои на задоволство на охридската публика ќе ни ги покажат сите убавини на танцот. Настанот има хуманитарен карактер .Организаторот на Европскиот КУП, Алпа Алпина се приклучува во акцијата за поддршка на охриѓанката Сара Настеска која мора да се оперира и лекува во странство. Собраните средства од влезните билети после завршувањето на Европскиот КУП ќе бидат врачени на фамилијата Настески.
|