Дваесет годишнината од оддржувањето на Првиот конгрес на Сојузот на балканските Египќани, свечено беше одбележана денес во големата сала на општина Охрид. На свеченоста на која присуствуваа и гости од здруженијата на египќаните од Албанија и Косово, беше истакнато дека продолжува процесот за целосна еманципација на Балканските Египќани и нивно равноправно учество во политичкиот и јавниот живот во земјите во кои живеат.
Градоначалникот Јован Стојаноски, обраќајќи се пред присутните, им го честита јубилејот и истакна дека нивната етничка заедница е конструктивен дел во градењето на соживот во Охрид и изрази надеж дека наскоро ќе дојде време да се реализира и нивното барање, како етничка заедница да бидат дел од преамбулата на Уставот на Република Македонија.
|