Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ СЕ ОБРАТИ НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „НА ВРАТАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА: УЛОГАТА НА НАУКАТА И ИСТРАЖУВАЊЕТО ВО ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ НА БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН“
Untitled Document

Во рамки на завршната дискусија на меѓународната  „Хумболт“ конференција, организирана од „Хумболт и ДААД клубот“ од Македонија со поддршка на „Александер фон Хумболт“ од Германија, свое обраќање имаше градоначалникот Стојаноски.

- Конференцијата е посветана на една извонредно важна тема: „На вратата на Европската Унија- Улогата на науката и истражувањето во одржливиот развој на балканскиот регион“ . Во изминативе денови, видни имиња од областа на науката, добитници на стипендии од престижните германски фондации ДААД и Александер фон Хумболт од балканските простори и гости од Италија и Јордан, професори, интелектуалци и млади истражувачи, дебатираа, а денеска заеднички се сумираат резултатите преточени во заклучоци. Во нив, како што се очекува ќе бидат нотирани најважните точки за унапредување на  меѓународната академска соработка и отворање дебата за важноста на науката и истражувањето во развојот на регионот. Како градоначалник, а особено како универзитетски професор и дел од академската заедница, уверен сум дека со спроведување на применливи, развојни и иновативни истражувања и анализи од највисоко општествено-економско значење, битно ќе се влијае на одржливиот развој на балканскиот регион. Тие истражувања се стратешки и мултидисциплинарни, а како предзнак ја имаат целта за научно поткрепена  промоција на регионот во евроатланските интеграции, истакна градоначалникот Стојаноски.

Целта на конференцијата е да обедини дел од академската заедница од регионот со академската заедница од нашата земја, да ја промовира научната извонредност, меѓународната академска соработка, како и дебатирање на темата на конференцијата која е особено значајна за Република Македонија.

На конференцијата што се одржува од 20 до 23 април, учество зедоа повеќе видни имиња од областа на науката, добитници на стипендии од престижни германски фондови и гости од Италија и Јордан.

Прочитано:  1442  пати
Објавено на: 23.04.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©