Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД ОРГАНИЗИРА ВТОРА СЕСИЈА НА ФОРУМОТ НА ЗАЕДНИЦИ
Untitled Document

Во четврток на 29-ти ноември 2018 година, општина Охрид во рамки на втората компонента од проектот „Зајакнување на општинските совети” ја организира втората форумска сесија од Форумот на заедници.

Во рамки на оваа форумска сесија ќе бидат образложени и презентирани концептите за предлог проекти од областа на социјалната инклузија во општината, кои беа дефинирани во рамки на правата форумска сесија.

Концептите беа предложени и  изработени од страна на седумте работни групи на Форумот на заедници, во кои има претставници на Советот на општина Охрид, општинската администрација, претставници на невладиниот и бизнис сектор.

Проектите кои ќе бидат избрани од страна на Форумот на зедници ќе бидат финансирани со средства од УНДП и Швајцарската амбасада во Република Македонија, со вкупен буџет од  CHF 50.000,00 швајцарски франци.

Втората форумска сесија ќе се одржува во Хотел „Ривиера“ со почеток во 14 часот.

 

Прочитано:  310  пати
Објавено на: 27.11.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©