Јавното претпријатие „ Билјанини извори“ во изминатите две недели во рамките на своите можности се посвети кон подобрување на условите кои ги нуди спортската сала „ Билјанини Извори“ , се со цел да овозможат достоинствени услови за тренинг, натпреварување и рекреација за сите клубови, федерации и рекреативци.
Санацијата на паркетот, новата записничка маса, новите мрежи за головите за ракомет и мал фудбал, освежувањето на боите на паркетот и sидовите покрај теренот се само дел од активностите кои беа реализирани.
|