Општина Охрид отпочна со реализација на првата фаза од реконструкцијата на тротоарите на бул.„Туристичка“ . Активностите се предвидени во програмата на „Секторот за комунални дејности сообраќај и улици“ за 2016година.
При изведувањето на земјените работи – ископ на тротоарот на двете страни од бул.„Туристичка“ на потегот од ул.„Стив Наумов“ до кружен тек со ул.„Бистрица“констатирано е дека атмосферската канализација е на површина со длабочина од приближно 20 до 30 см од котата на готовиот постоечки тротоар .По целата должина има видливи оштетувања на цевките со што е оневозможено функционирање на истата . Бидејќи атмосферската канализација е со мала длабина , при понатамошните работи на реконструкција на тротоарот ќе дојде до нејзино понатамошно оштетување. Исто така по целата должина оштетени се и ревизионите шахти од атмосферската канализација.
За да се обезбеди повторно функционирање на атмосферската канализација на горе споменатиот потег потребно е да се изврши замена на атмосферската канализација од двете страни на предметниот потег на поголема длабочина, а исто така треба да се изврши санација на шахтите за атмосферска канализација.
Во рамките на реконструкцијата на тротоарите ќе биде извршена и замена на постоечкиот дрворед со нови садници.Сегашниот дрворед се состои од стебла на јавори и јасени кои имаат плитки корени и имаат направено оштетувања – подигнувања и напукнувања на тротоарите.
Со предвидените активности овој потег од бул.„Туристичка“ ќе добие нов лик и ќе биде комплетно уреден.
Извор: www.ohrid.gov.mk |