Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СОБИР НА ГРАЃАНИ ВО МЕСНАТА ЗАЕДНИЦА ВО ТРПЕЈЦА
Untitled Document

На 29.10.2018 година (понеделник) со почеток во 19,00  часот се свикува Собир на граѓани  за месната заедница Трпејца- с.Трпејца. Собирот ќе се одржи во основното училиште во с.Трпејца.

____________________________________________________________________________

Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа,Член 106 од Статутот на општина Охрид и Правилата за работа на облаците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ.

На собирот ќе се врши избор на Совет на месна заедница.

На 29.10.2018 год. (Понеделник) со почеток во 19,00  часот се свикува Собир на граѓани  за месната заедница Трпејца с.Трпејца.Собирот ќе се одржи во основното училиште во с.Трпејца.

Врз основа на Статутот на општина Охрид:

Член 105
Советот на облиците на месната самоуправа е составен од 3 (три) до 7 (седум) членови.
Мандатот на членовите на советот на месната самоуправа трае
4 (четири) години.

Член 107
Предлагање и утврдување кандидати за членови на советот на облиците на месната самоуправа се врши на собир на граѓани, доколку присуствуваат најмалку 3% од граѓаните, жители на  месната самоуправа, кои имаат право на глас.
За утврдени се сметаат кандидати кои добиле мнозинство, односно најголем број на гласови од присутните граѓани на собирот.

Член 109
За избрани членови на советот на облиците на месната самоуправа се сметаат кандидатите кои добиле мнозинство односно најголем број на гласови од избирачите кои гласале.

Врз основа на Правилата за работа на облиците на месната самоуправа:

Член 17
Собирот на граѓани ( во понатамошниот текст: собир) го сочинуваат сите полнолетни граѓани со живеалиште на подрачјето на обликот на месната самоуправа.
Собирот се свикува со писмено известување, преку дневниот печат, преку електронски медиуми или на друг погоден начин.

Член 29
Предлог за кандидат за член на Советот може да поднесе секој полнолетен присутен член на собирот.
Предлозите за кандидат се даваат поединачно и секој има право да предложи само еден кандидат.
Секој предложен кандидат дава согласност за прифаќање на кандидатурата.

Член 30
За утврден кандидат се смета кандидатот кој добил мнозинство на гласови од присутните полнолетни граѓани на собирот, жители на облиците на месната самоуправа.

Член 31
На Собирот на граѓаните може да се предложат, односно утврдат најмногу два пати повеќе кандидати од вкупниот број на членови на Советот.

Прочитано:  358  пати
Објавено на: 25.10.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©