Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО ОХРИД ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЕВРОПА
Untitled Document

Со пригодна свеченост денес во изложбениот салон на НУ Центар за култура “Григор Прличев“, беше одбележан 9 мај – Денот на Европа. На настанот присуствуваше Ѓула Шомоги, заменик на Унгарскиот амбасадор во нашата земја. Во името на Општина Охрид пред присутните се обрати заменик градоначалникот Ангел Јанев.

- Во името на граѓаните на Охрид и во мое лично име , Ви го честитам Денот на Европа , со надеж дека и овој тежок период во кој се наоѓа Република Македонија  успешно ќе го пребродиме, на нашиот пат за полноправно членство во европското семејство на народите. Ние сме се  чуствувале и се чуствуваме како дел од Европа . Постојано  и посветено работиме на решавање на нашите актуелни проблеми , ги спроведуваме реформите и ги вградуваме европските стандарди. Денешното одбележувањето на  Денот на Европа во Охрид, го чуствуваме како чекор напред во забрзувањето на  македонските евроинтеграциски процеси . На локално ниво интензивно работиме на јакнење на капацитетите на локалната самоуправа , користејќи ги европските искуства.  Уверени сме дека  Општина Охрид , меѓу првите ќе ги почуствува бенефитите од реализирањето на заеднички проекти со европските партнери –истакна во своето обраќање Јанев.

За почетоците, значењето и перспективите на Европската Унија,Унгарскиот дипломат Ѓула Шомоги,истакна:

На 9 ти мај во 1950 година Францускиот Министер за ндворешни работи Роберт Шуман го презентирал планот за подлабока европска соработка. Оттогаш ние го празнуваме секој 9 ти мај како Ден на Европа. Неговата визија беше да создаде Европска Институција која заедно, здружено ќе управува со производствто на јаглен и челик. Договорот со кој се создаде вакво тело институција, беше потпишан само една година подоцна. Врз основа на успехот од Договорот за јаглен и челик, шесте основачки земји ја прошириле нивната соработка и во други економски сектори. Тие го потпишаа Договорот од Рим во 1957 година, пред 60 години, за создавање на Европската економска заедница (ЕЕЗ), или "заеднички пазар", која подоцна доведе до создавање на Европската унија. Предлогот на Шуман се смета за почеток на она што е денес Европската Унија. Имаме причина да бидеме горди на 60 години историја на европска интеграција. Таа има овозможено неизмерно време на мир и просперитет на континентот. Ја поздравувам резолуција во декларацијата од Рим во чест на 60-годишнината од Договорот за основање посветена на натамошното проширување на Европската унија. За стабилноста на Балканот, ние мора да ги забрзаме преговорите за пристапување со сите земји во регионот. Без кредибилна перспектива за членство, влијанието на Европската Унија ќе се намали, што ќе доведе до нестабилност. Предизвиците со кои ЕУ се соочува не може да го пренасочат нивното внимание од Балканот , ЕУ мора да останат фокусирани на регионот и да обезбеди перспектива за вашата генерација – истакна во своето обраќање унгарскиот дипломат.

Свеченоста продолжи со музички точки и ликовна работилница на децата од основните училишта во градов.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1382  пати
Објавено на: 09.05.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©