КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ ИЗБРАН ЗА ВРШИТЕЛ НА ДОЛЖНОСТА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document
Советот на општина Охрид, денеска на дваесет и втората вонредна седница, за вршител на должноста Градоначалник на општина Охрид, го избра Константин Георгиески, член на Советот и заменик на прерано починатиот градоначалник д-р Јован Стојаноски.
Функцијата вршител на должноста , Константин Георгиески ќе ја извршува до изборот на нов градоначалник на предвремените локални избори.