Јавното претпријатие „Билјанини извори“ деновиве е домаќин на повеќекратниот кошаркарски шампион на Македонија „ Работнички“. Седумдневните подготовки во Охрид тренерот на клубот Марин Докузоски максимално ја користи спортска сала „Билјанини извори“, атлетската патека и фитнес центарот „Фит Форм“ за што подобро да се подготватза претстојната натпреварувачка сезона.
Подобрувајќи ги во континуитет условите за тренирање и натпреварување на спортските екипи во соработка со спортските охридски клубови убедени сме дека ќе придонесат за уште поголем интерес кон изборот, Охрид и СРЦ „Билјанини извори“ да постане прв избор за подготовки и натпреварување на многуте национални и интернационални спортски тимови.
|