Врз основа на член 16 и член 18 од Одлуката за доделување на општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, градоначалникот на Општина Охрид распишува :
К О Н К У Р С
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ОПШТИНСКА НАГРАДА -
ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ По повод 8-ми Декември - „Св.Климент Охридски“, градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување општинска награда - Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ за 2018 година.
Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот.
Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.
Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор. Исто така, кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурира.
Наградата Патрон на градот „Св. Климент Охридски“се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.
Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето.
Пријавите кои ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
Пријавите да се доставуваат на адреса: ул. „ Димитар Влахов“ бр.57, за градоначалник на Општина Охрид (со назнака: ЗА КОНКУРС ОПШТИНСКА НАГРАДА - ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“).
___________________________________________________________
Врз основа на член 18 од Одлуката за доделување на општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, распишува:
К О Н К У Р С
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА -
ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
По повод 8-ми Декември - „Св.Климент Охридски“, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија распишува Конкурс за доделување Повелба - Патрон на градот„Св.Климент Охридски“за 2018 година.
Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во развојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година.
Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.
Во пријавата треба да се достави: кратка биографија и образложение за какви остварувања се конкурира и најмалку барем една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.
Повелбата може да се додели максимум на пет добитници.
Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето.
Пријавите коишто ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
Пријавите да се достават во затворен плик на адреса: Ул.„Димитар Влахов“ бр.57, Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија (со назнака„ЗА КОНКУРСОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ„СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ). |