Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ДО ГРАЃАНТЕ НА ОХРИД УПАТИ ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 8 СЕПТЕМВРИ – ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески до граѓаните на Охрид, упати честитка, по повод 8 Септември – Денот на независност на Република Македонија,

- Пред точно 26 години сонот на многу генерации Македонци стана реалност, со прогласувањето на независност на нашата татковина, Република Македонија. Во историски контекст краток период за една држава, но доволно долг за да ја потврдивме нашата цврста определба да изградиме, демократска и просперитна Македонија. Ден кој не обединува во предизвиците кои ги носи иднината и во вечниот стремеж за подобра Македонија. Денес  Република Македонија е етаблирана држава, со постојано надградување на демократските капацитети, а уверен сум дека граѓаните на Охрид како столб на македонската историја и култура, ќе го дадат својот несебичен придонес за просперитетна иднина на сите граѓани. Да ни е среќен и вековит празникот  - стои во честитката на градоначалникто Бакрачески.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1384  пати
Објавено на: 07.09.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©