Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈОВАН СТОЈАНОСКИ СО ШЕИКОТ АЛ ТАНИ ОД КАТАР
Untitled Document

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со Шеикот Јасим Бин Мохамед ал Тани од Катар кој е заинтересиран за инвестирање во туризмот во Охрид. На средбата на која присуствуваа и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, беа презентирани повеќе слободни локации за изградба на хотели во охридското подрачје.

По презентацијата за можностите за инвестирање, високиот гостин од Катар посети  неколку од предложените локации и најави дека  за скоро време ќе го извести градоначалникот Стојаноски за неговите конкретни намери за инвестирање.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1407  пати
Објавено на: 23.10.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©